Утрински Весник
Скопје

(Видео) Сообраќајниот хаос во Скопје снимен од дрон, внимавајте и утре ќе биде вака

C4619fcf C5fe 4d5b 8107 842812573992.jpg
300x250 (7)

Многумина денеска беа зачудени зошто додека се враќаа од своите работни места заглавија во сообраќаен хаос по улиците на Скопје.

Причината за тоа беше затворањето на булеварот Илинден пред зградата на Владата каде се поставуваше бина за утрешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Поради затворање на оваа фреквентна делница низ центарот на Скопје се случуваше сообраќаен хаос што резултираше и со неколку помали сообраќајни несреќи кои дополнително го отежнуваа и онака отежнатиот сообраќај.

Вака ќе биде и во текот на утрешниот ден, а враќање во нормала се очекува дури задутре наутро.

Како изгледаше сообраќајниот хаос снимен од дрон, погледнете во видеото.

Ss1

Можете да прочитате

Симоноски: ДУП за СЗ 16 во Ѓорче Петров е донесен на криминален начин

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи