Утрински Весник
Свет

Кулеба разговараше со Борел за воена поддршка за Украина

Y 1.webp.webp

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, и високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска во Брисел разговараа за воената поддршка за Украина и за следниот пакет санкции против Русија.

– Му се заблагодарив на Борел за неговите напори да мобилизира поголема поддршка од ЕУ за Украина и за неговата подготвеност да ја интензивира работата за наоѓање достапни системи Патриот за Украина. Ме информираше и за моменталната состојба со снабдувањето со артилериска муниција за Украина од ЕУ. Разговаравме за начини како да ги забрзаме, објави шефот на украинската дипломатија на Х.

Тој изјави дека со високиот претставник на ЕУ разговарал и за следниот пакет санкции на ЕУ, кој треба да го зголеми притисокот врз Русија, како и за претстојниот форум Украина-ЕУ со цел да се зголеми производството на одбранбената индустрија во Украина и низ Европа.

Украинскиот министер за надворешни работи е во Брисел, каде денеска и утре се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на Северноатлантската алијанса и на Советот Украина-НАТО.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена