Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шутаров: Каде се парите ако Советот изгласал 100 милиони евра буџет?

(Видео) Шутаров: Каде се парите ако Советот изгласал 100 милиони евра буџет?

Крајно поразително е за советниците на Град Скопје да бидат информирани преку медиумите за прашања, кои што се од значење за Советот, за граѓаните, и за сите надлежни институции и јавни претпријатија, тоа е недопустиливо и недозволиво, порача денеска од говорницата на Советот на Град Скопје, советникот од СДСМ Гордан Шутаров.

dobivaj vesti na viber

Шутаров нагласи дека тоа не е фер спрема граѓаните, ниту спрема советниците, како избрани да ги застапуваат граѓаните, советниците имаат право, обврска и одговорност да ги имаат информациите, за финасиската состојба на Град Скопје.

„Прв пат ни се случи претходната година да останеме без јавен превоз, прв пат во историјата ни се случи да останеме со блокирана сметка, на 11 мај се разбудивме сабајле и прочитавме од медиумите дека сметката на град Скопје е блокирана, потоа од медиумите дознавме дека се работи за 2,5 милиони евра поради правосилна судска пресуда, рече Шутаров, додавајќи дека тоа се случува во време кога буџетот треба да биде најликвиден.

Кон крајот на годината изгласавме буџет од 100 милиони евра, а каде се парите, ако сме изгласале 100 милиони евра буџет, а имаме 2,5 % правосилна судска пресуда, значи дека на сметка немало ни 2,5 милиони евра, со колку финансии располагал градот Скопје во моментот на пристигнувањето на овие правосилни судски пресуди, праша Шутаров.

Тој нагласи дека советниците ги бараат информациите за да помогнат, бидејќи се должни да си ја вршат работата за која се избрани.

„Што треба за првпат да се случи во Град Скопје за да почнеме да соработуваме, како органи, не лично и индивидуално и што се случи со пречистителната станица, пред 1 година се каравте овде за „рачињата во медот“, со префрлање топки. Во секој сегмент нешто не чини, ама одговорноста се префрлува, треба да се сфати дека конечно треба да се почне да се работи во интерсот на граѓаните. Интерсот на граѓаните треба да биде на прво место, а не партиските и политичките агенди, порача советникот Шутаров.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“