Утрински Весник
Свет

(Видео) „Штотуку слушнав – тато спаси ме“: таткото на момчето што го изеде ајкула очаен

(Видео) „Штотуку слушнав – тато спаси ме“: таткото на момчето што го изеде ајкула очаен

Младиот Русин Владимир Попов кој имал 23години пред неколку месеци се преселил со својот татко во египетското летувалиште Хургада, веројатно за да избегне да биде регрутиран во војната во Украина. Во тоа време веројатно не насетувал каква страшна судбина ќе го снајде. Тој загина во четвртокот во напад на тигреста ајкула, а на овој трагичен настан присуствувал и неговиот татко, пишува „Слободна Далмација“.

dobivaj vesti na viber

„Отидовме на плажа да се опуштиме. Син ми го нападна ајкула. ​​Се се случи за неколку секунди“, изјави Јуриј Попов, таткото на жртвата.

Прво медиумите изјавија дека девојката на Владимир успеала да побегне од морето откако ѕверот го нападнал Владимир, но неговиот татко вели дека тоа не е вистина. Според него, таму каде што бил Владимир, немало кој да му помогне.

„Како може некој да му помогне? Таа мелница за месо нападна за 20 секунди. Син ми го повлече под вода“, рекол несреќниот татко.

Тој додава дека немилиот настан во кој загина неговиот син бил „зла судбина“ бидејќи, како што наведува, плажата на која се наоѓале се сметала за безбедна.

Досега напади се случија само на диви плажи.

Можете да прочитате

Сексуалните работници во Белгија од денес имаат загарантирани работнички права

Полицијата со палки и солзавец врз навивачите во Германија – 79 повредени

Полскиот премиер Доналд Туск ги посети воените утврдувања на границата со Русија, кај Калининград