Утрински Весник
Свет

(Видео) Руски командант сам упадна во украински ров, уби пет и зароби двајца војници

(Видео) Руски командант сам упадна во украински ров, уби пет и зароби двајца војници

Веќе неколку дена на социјалните мрежи се споделува видео од подвигот на руски војник, кое предизвикува почит поради покажаната огромна храброст и пожртвуваност.

dobivaj vesti na viber

Командантот на 488. јуришен одред Александар Малцев (47) бил во акција со своите соборци.

Тие се приближиле до украинските ровови за да избегнат непријателски артилериски оган.

Но, брзо биле откриени, по што осуммина од нив биле ранети.

Откако биле згрижени ранетите, Малцев отишол сам во непријателскиот ров.

Тој чекал околу 40 минути додека не видел прилика, а потоа влегол во ровот, застрелал три лица од непосредна близина и заробил уште двајца.

Оваа пресметка се случи на 10 март. Три дена подоцна, Александар Малцев е убиен во битка кај Соледар.

Сега се подготвуваат документи за постхумно да му се додели титулата Херој на Русија,пренесе Курир.рс.

Можете да прочитате

Од сиромаштија до нарко-империја: Кој беше „Ел Менчо“, човекот што го држеше Мексико во страв

Картелска одмазда ја тресе државата – Хаос во Мексико!

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор