Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Ова е момчето (15) херој на Русија: Спаси повеќе од 100 луѓе од масакрот во „Крокус“ во Москва

Islam Khalilov 830x0 1.jpg
Ss2

Ислам Калилов (15) е прогласен за херој бидејќи спасил повеќе од 100 луѓе во нападот во Москва, а таму бил затоа што дошол да работи со скратено работно време во гардероба.

Храброто момче остана мирно, и покрај крвавата битка што се одвиваше пред неговите очи, и ги однесе преплашените луѓе кои бегаа од вооружените напаѓачи на излезот за итни случаи, спасувајќи десетици животи.

300x250 (7)

Тој јасно им стави до знаење на луѓето каде да одат за да стигнат до безбедно место.

„Најпрво слушнавме чудни звуци на првиот кат. Мислевме дека можеби дошла некоја бучна група“, објаснува Ислам.

Потоа видел дека луѓето почнале да бегаат од страв. Видел човек како пука пред него – и знаел дека мора да трча и да им помага на другите.

„Сфатив дека ако не реагирам, ќе го загубам животот и животот на многу луѓе. Искрено, беше многу страшно“, додаде тој.

Тој викал и им сигнализирал на исплашените и испаничени луѓе да го следат.

„Кога бев во толпа луѓе, одејќи до вратата да ја отворам, помислив дека терористите може да излезат од скалите или од ескалаторот и да фрлат граната или да отворат смртоносен оган. Фала му на Бога, ништо не се случи. Успеав да отворам вратата на време“.

Инаку, Ислам слободното време го поминува работејќи во гардероба и играјќи фудбал за кадетскиот тим на Спартак.

Да потсетиме, во петокот на 22 март руската престолнина беше погодена од страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 133 лица, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца.

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС), а подоцна објави видео за кое тврди дека е видео од нападот во Москва.

Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Крокус сити холl“, каде во тој момент, меѓу другото, се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.

Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар.

Ss1

Можете да прочитате

Хамас го добил и го проучува одговорот на Израел за предлогот за примирје во Газа

Русија ја нападнала енергетската инфраструктура во три украински региони

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД