Утрински Весник
Свет

Во Хонг Конг измерени 31,5 степени, највисока температура забележана во март во последните 140 години

20230504193905203352contentphoto1.jpg

Во Хонг Конг денеска е забележана највисоката температура измерена во март во последните 140 години од 31,5 степени Целзиусови, соопшти градската опсерваторија.

Тоа е највисоката мартовска температура во Хонг Конг од почетокот на евиденцијата во 1884 година.

Во градот Шенжен на југоистокот на Кина денеска е измерена температура повисока од 32 Целзиусови степени.

Опсерваторијата на Хонг Конг во четвртокот предупреди дека се очекува градот да има надпросечни температури оваа година.

Хонг Конг го имаше најжешкото лето забележано минатата година со просечна температура од 29,7 степени Целзиусови помеѓу јуни и август, соопшти опсерваторијата во јануари.

Сите 12 месеци од минатата година беа потопли од просекот во Хонг Конг.

Можете да прочитате

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на митрополитот Онуфриј поради врски со Русија и поддршка на московската патријаршија

Си-би-ес ќе му исплати 16 милиони долари на Трамп

Романски европратеник побара гласање недоверба на ЕК