Утрински Весник
Економија

(Видео) Николова: Мицкоски покажа незнаење за енергетика, сите капацитети во погон, продаваме струја

(Видео) Николова: Мицкоски покажа незнаење за енергетика, сите капацитети во погон, продаваме струја

Целосно незнаење за енергетика покажа Христијан Мицкоски, заложникот на Димитар Апасиев и Левица. Со месеци Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста дека енергетскиот сектор е пред колапс, дека нема да имаме доволно струја и енергенси за грејната сезона. Реалноста е сосема поинаква. Денес, за првпат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека за прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство. Ако надлежните го слушаа Мицкоски да се набави гас одеднаш за цела грејна сезона, сега државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра, затоа што во периодот кога Мицкоски бараше набавка, цената на природниот гас рушеше рекорди.

Лажеше Мицкоски и дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголеми, ги плашеше граѓаните со ценовни шокови, рече Николова.

Николова истакна дека денес, цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

Сé што кажа Христијан Мицкоски за енергетската криза излажа, сé што предвиде, излезе обратно. Се докажа дека Мицкоски нема познавања ниту од енергетика ниту од економија, се што тој прави е што шири лажни вести и измислици со кои се обидува да ја вознемирува јавноста, рече Николова.

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат