Утрински Весник
Македонија

Петровска го прими Орденот на принцезата Олга од I степен, одликување доделено од Зеленски

Image 2026 08 24 101912603.png

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска го прими Орденот на принцезата Олга од I степен, украинско државно одликување кое ѝ било доделено од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во 2023 година.

Одликувањето на Петровска и го врачил Игор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, на средба на која било разговарано и за актуелната состојба и потребите на Украина. Пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија, Славјанка Петровска, учествуваше на Националниот молитвен појадок на Украина во Киев.

Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина. На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на Претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на Претседателот на Украина. На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Северна Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот “Принцеза Олга”, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина.

Учество на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Северна Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Можете да прочитате

Филипче: На Мицкоски му треба алиби за избори затоа што сè во државата е заглавено и нема резултати

Објавен првиот од двата предвидени броја на списанието „Современост“ за 2026 година

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените