Утрински Весник
Бизнис

ССК: Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија

ССК: Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори за надворешни односи и претседател на Туристичко-угостителската комора Аркан Керим реализира посета на познатиот вински регион Болен, Јужна Франција како гостин на винаријата „Шато де Гурдон“ чиј сопственик е македонската винарија „Тиквеш“.

dobivaj vesti na viber

Директорот на „Тиквеш“ Светозар Јаневски и Керим остварија повеќе значајни средба меѓу кои и со градоначалникот на Болен Антони Зилио, заменик на градоначалникот Андре Вигли и претседателот на Унијата на претприемачи на Болен Жан Мишел Луи.

Керим истакна дека Франција е наш важен економски партнер како и политички поддржувач на патот на нашата земја кон членството во ЕУ, потенцирајќи дека овие добри релации треба да се искористат за унапредување на соработката во секторот на винската индустрија.

„Инвестицијата на „Тиквеш“ во француската винаријата „Шато де Гурдон“ е добар пример на градење мостови меѓу компаниите од овој сектор од двете земји кои го отвораат патот на македонските винарии кон пазарот на Европската Унија. Во таа насока договорено е продлабочување на економските односи помеѓу македонските и француските компании како и посета на Македонија од страна на француските компании од регионот на Болен. Овие соработки даваат дополнителен поттик за раст на трговската размена, посебно за зголемување на македонскиот извоз“, истакна Керим.

Земајќи во предвид дека еден од стратешки извозни земјоделски производи на нашата земја е виното, Сојузот во рамките на меѓународните активности овозможува стратешка поддршка на винскиот сектор во земјава преку организирана промоција на меѓународните вински настани, вмрежување и лобирање за унапредување на поврзаните индустрии како земјоделството, туризмот, во соработка со домашните, но и со странски релевантни институции.

Во делот на производство на вино во нашата земја од 2005 година наваму започна т.н. револуција во винскиот сектор во земјава, пред сѐ со приватизацијата на дел од винариите, инвестирањето во нова технологија и отворањето нови модерни винарии. Сепак, целосниот потенцијал сѐ уште не е искористен, бидејќи е потребно да се зголеми извозот на амбалажирано вино коe се извезува со додадена вредност, што придонесува кон целокупен раст на секторот, зголемување на вредноста како на виното, така и на грозјето како суровина.

Можете да прочитате

ЕСМ склучи договор со „Балкан Јутилитис“ за набавка на гас за февруари

Нов салон на „Прима“ во Ѓорче Петров – нов центар за модерен и квалитетен мебел

Во Швајцарија нагло забави извозот на накит, зголемен извозот на часовници