Утрински Весник
Свет

(Видео) Мал авион се урна во Тексас, загинаа четворица патници

(Видео) Мал авион се урна во Тексас, загинаа четворица патници
300x250 (7)

Мал авион се урна во округот Лавака, Тексас, при што загинаа четворица патници, а еден е повреден, соопшти Одделот за јавна безбедност на Тексас. Несреќата се случила вчера во утринските часови.

dobivaj vesti na viber

Преживеаниот патник е повреден и се наоѓа во болница во блискиот град Викторија. Фотографиите од местото на несреќата покажуваат остатоци од мал едномоторен авион, кој лежи на тревно поле, опкружен со парчиња отпад, пишува АБЦ.

300x250 (7)

Жителите на областа каде што се урна авионот изјавија дека имало магла околу 11 часот и дека авионот паднал во близина на патишта на една милја од општинскиот аеродром „Јоакум“ во Тексас.

Националниот одбор за безбедност на транспортот објави соопштение во кое се вели дека ја истражува несреќата на „пајпер PA-46-350P“ на 17 јануари во близина на Јоакум, Тексас.

Несреќата ќе ја испита и Федералната управа за авијација, пишува АБЦ.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип