Утрински Весник
Македонија

(Видео) „Ни дадоа супервештачење од 60 страници кое нема ништо да промени“, реагира таткото на загинатиот кошаркар во несреќата кај Ласкарци

(Видео) „Ни дадоа супервештачење од 60 страници кое нема ништо да промени“, реагира таткото на загинатиот кошаркар во несреќата кај Ласкарци
Ss2

Супервештачењето за несреќата кај Ласкарци, кое го изработуваше Бирото за судски вештачења, а се чекаше цела година, е изработено на 50-60 страници, од кои повеќето е со слики. Ова го просведочи Благојче Трпески, родител на Јовица Трпевски, настрадан во автобуската несреќа. Кај блиските роднини има огромен револт, но и сомнеж за како што велат: „убијците, виновниците на 16 луѓе, да не ги стигне правдата“. Трпески по новото одложено рочиште ги праша правосудните органи: „Колку време треба да помине за да стигне конечно правдата?“.

dobivaj vesti na viber

„По она што можев да го видам она супервештачење, ништо нема да промени од претходните доказни постапки изведени во претходниот период. Тоа покажува колку Бирото за судски вештачења посветило сериозно внимание на ваков предмет. Мојот колега кажа, повеќе од една година го правеа. Тоа супервештачење е изготвено од машинци и сообраќајни инженери. Тоа супервештачење содржи 50-60 страници од кои повеќе се слики. Иако денеска требаше да бидат на лице место луѓето што го супервештачења овој предмет една година, тие не дојдоа. Судот требаше да ги казни овие луѓе кои го прават ова. Кај нас се создава огромен револт и сомнеж дека намерно се одолговлекува за да убијците, виновниците на 16 луѓе, не ги стигне правдата. Ние тоа нема да го дозволиме. Четири години ја чекаме правдата“, вели Благојче Трпески.

300x250 (7)

Таткото на Јовица Трпевски, кој беше 25 годишен кошаркар од Гостивар, посочи дека правдата ќе ги стигне виновниците.

„Ние изгубивме доверба во судството и институциите кои го водат овој процес. Четири години, сами сте сведоци. На 14 февруари оваа година се прави четири години од несреќата. На 50-60 страни да се прави супервештачење, а тоа да се толерира од судот со изговор дека нема ресурси, а тие кои го побараа… Од претходните институции беше направено професионално вештачење на повеќе од 2000 страници. Ова нема ништо да промени. Ова е купување време на обвинетите, за да избегнат правда. Правдата ќе ги стигне и ќе одат во затвор. Убија 16 невини луѓе, 30 повредени со тешки телесни повреди, некои за количка се врзани. Ова е срамота што се случува. Час поскоро треба пресуда за овој случај“, Благојче Трпески, родител на Јовица Трпевски.

Ss1

Можете да прочитате

Се што треба да знаете ако утре гласате за прв пат во својот живот

ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови – молк пред утрешните претседателски избори, тече кампањата за пратеници