Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Украина ѝ предложи на Белорусија пакт за ненапаѓање

Лукашенко: Нема да има мобилизација во Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека украинската страна му предложила на Минск да склучи пакт за ненапаѓање, пренесува белоруската државна агенција „Белта“.

dobivaj vesti na viber

Според неговите тврдења, Западот не се откажал од своите планови, кои се однесуваат на Белорусија, да продолжи со обука на милитанти и екстремисти во Украина.

„Не знам што ќе им направи на Украинците. Од една страна, бараат од нас во никој случај да не влегуваме во војна со Украина, нашата војска да не оди таму. Тие предлагаат пакт за ненапаѓање. Меѓутоа, од друга, го подготвуваат тој хаос и ги вооружуваат милитантите. Полска и Литванија целосно полудеа. Зошто им е потребно? Не е јасно. Затоа принудени сме да реагираме жестоко“, рече Лукашенко на состанокот посветен на општествено-политичката ситуација во земјата, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена