Утрински Весник
Македонија

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

„Навистина е несериозно да се одржи вонредна прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски на 28 септември, а до ден-денес да ги немаме во Собранието законите што тој така итно ги најави. За разлика од неодговорноста на власта, ние како пратеничка група следниот ден, на 29 септември, предложивме закон за измени во Законот во енергетиката преку кои училиштата, јавните претпријатија и болниците би биле на регулираниот пазар и сакаме да се интервенира што побргу“, рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

dobivaj vesti na viber

„За жал, владејачкото мнозинство, иако законот е само од три члена, една недела сè уште не замајува дека се преведува предлог-законското решение на ВМРО-ДПМНЕ. Односно, одолжува затоа што власта не е способна да ги достави до Собранието предлог-законите за кои Ковачевски рече дека се итни, дека ги има, дека бара поддршка, а од нив нема ни трага ни глас во собраниските архиви. И затоа е бесмислено да се говори за поддршка на закони што не постојат и не се доставени во Собранието“, вели Милошоски.

Тој рече и дека „во однос на законот за заем кај ЕБОР, ние неколкупати сме кажале како опозиција дека се сомневаме во трошењата на средствата што Владата го прави од вакви заеми и од самиот буџет. И видовме дека и одредени медиуми што работеа на истражувачко новинарство утврдија дека за време на кризата поврзана со пандемијата и енергетската криза многу средства биле и злоупотребени за купување одредени работи што немаат допирна точка со здравствената или енергетската криза. И 25 милиони евра од овој закон за заем пред ЕБОР се предвидени за дополнителни плати и вработувања, што власта недомаќински ги прави во ЕЛЕМ-ЕСМ“.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа