Утрински Весник
Македонија

Акциска контрола на СВР Битола, казнети 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Akciska kontrola na podracje na svr bitola sankcionirani 80 motociklisti i 10 vozaci na elektricni trotineti image scaled.jpg

На 13.06.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. Притоа, биле констатирани вкупно 80 прекршоци кои ги прават моторциклистите, од кои 44 за неносење на  заштитна кацига-шлем, пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса и 22 мерки за останати прекршоци. Додека, 10 мерки се преземени за возачите на електрични тротинети.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР.


Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога