Утрински Весник
Спорт

Холандија ја декласираше Шведска – 24info.mk

20260620211235 big 730x400 70.webp.webp

Репрезентацијата на Холандија ја декласира Шведска со 5:1, во второто коло во Ф групата и со една нога е во нокаут фазата. „Лалињата“ на овој натпревар станаа осмата репрезентација што постигнала најмалку 100 гола на Светските првенства.

Холанѓаните во „првата четвртина“ ја најавија победата, кога џокерот на Роналд Куман, напаѓачот на Сандарленд, Брајан Броби постигна два гола, во шестата и 17-та минута.


Следуваше потоа период на добра игра на Шведска, но голманот Вербруген не им дозволи на Ѓокереш и Ајари да го намалат резултатот.

Конечниот удар, Холандија го зададе во воведните девет минути од второто полувреме, кога два гола, во 48-та и 54-та минута постигна Коди Гакпо. Пет минути подоцна, резервата Ентони Еланга го намали резултатот и тоа беше се што Швеѓаните направија на овој натпревар.

Дуелот потоа влезе во минус фаза, двете селекции го чекаа крајот, а пред да се огласи судијата со својот последен свиреж, Самервил го постигна петтиот гол за Холандија.

Можете да прочитате

За два натпревара – 30.000 евра

Напаѓачот на Мароко влезе во историјата

Колку чинат паузите за „освежување“ на Мундијалот? ТВ станиците заработуваат стотици милиони евра