Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: САЕ „Тигар“ е на врвот на приоритетите во однос на развој и унапредување на безбедносните служби

(Видео) Ковачевски: САЕ „Тигар“ е на врвот на приоритетите во однос на развој и унапредување на безбедносните служби

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше на свеченост по повод денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

dobivaj vesti na viber

Во чест на 13 март премиерот изрази благодарност до специјалците „тигри“ за нивната пожртвуваност и исклучителен придонес за безбедноста на Република Северна Македонија и на сите граѓани.

„Живееме во време полно со безбедносни предизвици и тие не се разликуваат од оние со кои се соочуваат полициите во регионот, во Европа, полициите на нашите партнерски земји од НАТО. Веќе втора година светот се соочува со појава на негативни безбедносни сценарија. Водечка е отворената агресија на европска почва и кризите што произлегуваат од неа, наша обврска како земја членка на НАТО е навремено да се приспособиме на ваквите случувања.

Во последните пет години Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е на врвот на приоритетните планови и концепти во однос на развојот и унапредувањето на полициската безбедносна служба. Она со што се гордееме е дека САЕ „Тигар“ со својата врвна стручност и професионално извршување на задачите не се разликува од европските полиции, тоа досега во повеќе наврати го имаат докажано и покажано за време на врвните обуки во земјата и странство“, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека Владата во континуитет ќе продолжи да вложува во единицата бидејќи, како што истакна, задача на Владата е да обезбедува услови за безбедна работа на специјалците.

„Кога станува збор за вашата заштита и безбедност, не штедиме, вам не треба ништо да ви недостига. Сè што придонесува за ваша побрза и поефикасна работа како и досега, ќе се обезбедува бидејќи за вашите резултати и постигнување на високо ниво на безбедност наша задача како Влада е да ви ги обезбедиме најдобрите услови за работа.

Во насока на континуирано мотивирање на припадниците на специјалните единици, неколкукратно беа зголемени платите. Континуирано од 2017 година се исплаќаат бонус плати за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво. За припадниците на Одделот за специјални полициски операции се исплаќаат патни трошоци за оние што живеат надвор од градот Скопје, како и исплата на дневници за службени патувања.

Во септември 2022 година беше зголемена платата 5 % за сите вработени во МВР. Во февруари годинава почна прибирањето податоци за вработени што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво, за бонус плата за 2022 година, во поединечен износ од приближно 500 евра, што претставува зголемување на износот од безмалку 40 % во споредбба со бонус платата од 2017 година, благодарение на континуираното зголемување на минималната плата во државата“,  рече премиерот.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“