Утрински Весник
Спорт

Интер му поставил ултиматум на тренерот Инзаги

Интер му поставил ултиматум на тренерот Инзаги
Ss2

Симоне Инзаги ќе добие отказ доколку Интер не успее да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Како што пишуваат италијанските медиуми, клупските челници ја загубиле довербата во Инзаги.

dobivaj vesti na viber

„Минатата сезона тој не го освои Скудетото, иако имаше големи шанси да го стори тоа. Довербата на играчите е разнишана“, пренесуваат медиумите во Италија.

300x250 (7)

Интер го победи Порто со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и сега треба да ја одбрани таа предност во Португалија.

„Ќе добие отказ доколку не се пласира во четвртфиналето. После Интер следува дербито со Јувентус. Односите меѓу играчите се влошија, а особено под сомнеж е односот меѓу Лукау и Лаутаро Мартинез“.

Интер моментално е на втората позиција во Серија А со 50 освоени бодови, а првопласираниот Наполи е недостижен со 18 бодови пред избраниците на Симоне Инзаги.

На тимот од Милано му претстои борба за Лигата на шампионите до крајот на сезоната, во конкуренција на Лацио, Рома, Милан, и Аталанта.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал