Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството

(Видео) Ковачевски: Им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски им честиташе на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти за храброста и визионерството, и посака напредок на сите граѓани на Србија и Косово на патот кон ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„ Ја поздравувам согласноста постигната денес за имплементација на Договорот за патоказот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој ќе биде интегрален и обврзувачки дел на европскиот пат на двете страни.

Сметам дека денешната согласност за имплементацијата на Анексот на Договорот, вклучително и согласноста за целосна имплементација на обврските од претходните договори од Дијалогот е значајно постигнување.

Мирот, помирувањето и економскиот развој се клучни предуслови за забрзан прогрес на зa целиот Западен Балкан кон ЕУ.

Горд сум и среќен што во името на нашите граѓани, со мојот тим бев домаќин на овој важен преговоравачки процес под покровителство на Европската унија, а со поддршка на Соединетите Американски Држави, со кој се потврди мојата лична заложба дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија.

Северна Македонија секогаш ќе биде пријател на сите земји од соседството и ќе продолжиме по патот на европските интеграции и на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави,

Можете да прочитате

Зградата на МНР светна во боите на Германија по повод посетата на Бербок

Од „Ќе видиш што ќе ти се случи“ до сечење гуми од автомобил – градоначалникот на Штип за заканите: Мислев ќе помине

ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Касами: Тетово е срцето на Македонија и никогаш нема да биде центар само на една заедница