Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: „Електра Солушн“ од фирма за гаќи стана главен столб на власта за испумпување на народни пари

Обвинителството не ја исклучува можноста да отвори предмет за надзорот за коридорите 8 и 10

Молкот на Јавното обвинителство за скандалот околу надзорот на коридорите 8 и 10Д укажува дека е соучесник на власта во криминалните зделки, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Јавноста е сведок како криминалните зделки на Владата на Ковачевски поминуваат неказнето од страна на правосудните органи. Скандалот околу миленикот на власта „Електра Солушн“ секој ден добива нови размери, а ЈО упорно молчи и не презема ништо.

„Електра Солушн“ од фирма за гаќи стана главен столб на власта за испумпување на народни пари. Од 22 милионскиот тендер ќе земе 8,3 милиони евра за водење на надзор. Владата на Ковачевски на јавноста тврдеше дека надзорот ќе го вршат странски експерти, а домашните се само локална помош, и се испостави дека главен играч околу кој се врти целиот тендер е фирма која произведувала гаќи.

А, за лиценцата за надзор, миленикот на власта т.е. „Електра Солушн“, поднесува 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а ја добива пет дена потоа.

Откако „Електра Солушн“ добива лиценца за надзор, добива и грант од ФИТР во вредност од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“. Нема крај на криминалот на оваа Влада“ соопшти партијата.

Оттаму бараат одговорност за овој, како што велат, скандал од епски размери.

„Но не само одговорност за функционерите кои го дозволиле ова, туку и правосудните органи кои свесно молчеле и го заштитувале тоа“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Апелација одлучи за „Плацеви на Водно“: Мијалков ослободен од затвор, Груевски треба да одлежи седум години

(Видео) Четири вреќи со марихуана вредни околу 100.000 евра запленети од полицијата, дилерите при бегство оштетиле полициско возило

Интервју со професор Горан Ајдински: УКИМ заслужува многу повеќе