Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Ја јакнеме родовата еднаквост за општество во кое жените се сигурни и економски независни

(Видео) Ковачевски: Ја јакнеме родовата еднаквост за општество во кое жените се сигурни и економски независни

Законот за родова еднаквост треба да ја зајакне положбата и статусот во општеството и да обезбеди еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општеството. Тој предвидува формирање на секретаријат чија основна намена е следење на мерките за родова еднаквост, рече премиерот Димитар Ковачевски во неговиот говор на Форум за родова еднаквост во организација на Министерството за труд и социјална политика и Фондацијата Фридрих Еберт.

dobivaj vesti na viber

„ Случаите како „Јавна соба“ ни ги покажаа слабостите на системот но исто така ни покажаа дека санкционирањето и превенирањето се најважните алки во справувањето со родово базирано насилство. Пресудите на обвинетите во случајот „Јавна соба“ обесхрабруваат други повторни појави на вакви случаи, кон што придонесуваат и измените и воведувањето на дело „Демнење“ се предвидуваат строги санкции за вознемирување преку интернет.

Тоа значи дека секој што неовластено ќе следи, прогонува или ќе се меша во личниот живот на друго лице (вклучително и да воспостави несакан контакт) може да се казни со казна до три години затвор, и тоа верувам дека ќе направи пресвртница во слободата која досега ја чувствуваа оние кои без одговорност ги загорчуваа животите на многу жени и девојки, некои поради професијата, некои поради политичкиот или граѓанскиот активизам, и слично.

Но, како и секое горливо општествено прашање, и ова бара заеднички општествени напори. Ние како Влада мора да обезбедиме политики и механизми, но тука мора да делуваме координирано со граѓанските организации, со академската фела, со медиумите. На овој фронт мора да се здружиме, затоа што без едукација и образование, подигнување на свест и новите алатки за заедничко дејствување нема да има резултат“ рече Ковачевски.

Тој нагласи дека не е доволна решителност или делување само на Владата, туку дека е потребно пошироко консолидирано дејствување кое ќе предизвика широки, општествени промени. Со овие промени, додаде тој, ја враќаме довербата во институциите, односно обезбедуваме сигурност на оние кои се жртви на секаков вид насилство.

„ Секоја жена, секоја жртва која трпи насилство треба да знае дека не е сама, државата, институциите се тука за да ги заштитат но и соодветно да ги казнат сите оние кои сториле каков било вид на насилство“ порача премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Тренчевска: Најемотивна сум кога зборувам со пензионерите, креаторите на државата денес