Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против вработена во Општина Делчево

Расчистена кражба во Ресенско, уапсени тројца крадци
Ss2

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против вработена во општина Делчево за несовесно работење во службата.

dobivaj vesti na viber

Осомничената Љ.Ѓ.(57) од Делчево, вработена во Општина Делчево, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево. Имено, таа по одговорот на забелешките од барателот, изготвила Решение со кое барањето било одбиено, а истото решение по жалба на барателот било поништено од второстепениот орган. Во повторената постапка, осомничената изготвила Одобрение за градење врз основа на истите прилози и идентична фактичка состојба, кое станало правосилно на 25.08.2022. Со ваквото постапување Љ.Ѓ. нанела штета на инвеститорот во висина 175.485 евра.

300x250 (7)

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ