Утрински Весник
Магазин

(Видео) Го соблече гламурозниот фустан на Версаче, облече маица, патики и искинати фармерки: „Улична“ изведба на Лејди Гага на Оскарите

(Видео) Го соблече гламурозниот фустан на Версаче, облече маица, патики и искинати фармерки: „Улична“ изведба на Лејди Гага на Оскарите

Доделувањето на оскарите беше вечер на Лејди Гага – без разлика што таа не беше наградена. Како и секогаш, таа беше модната победничка на вечерта, каде на публиката и приреди гламур, сексипилност и изненадување.

dobivaj vesti na viber

Лејди Гага првпат се појави во брутален фустан на Версаче, кој изгледаше многу необично. Горниот дел од проѕирен корсет создаде совршени контури на фигурата, а долниот дел, здолниште со спуштен струк, беше луксузно и гламурозно.

Откако доминираше на црвениот тепих, Лејди Гага направи уште едно изненадување. Таа изведе драматична трансформација кога ја отпеа нејзината песна „Hold My Hand“, менувајќи го фустанот и шминката за маица и фармерки.

Таа излезе на сцената во широка црна маица, искинати фармерки и стари чизми, ја отстрани шминката од лицето, а потоа седна на стол и ја отпеа насловната нумера на новиот филм „Топ Ган“.

Гага на Оскарите имаше номинирана и за најдобра авторска песна, токму за споменатата песна, но овој пат остана без награда.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста