Утрински Весник
Спорт

(Видео) Два гола на Халанд – Сити на премиерата славеше кај Барнли

(Видео) Два гола на Халанд – Сити на премиерата славеше кај Барнли

Еринг Халанд продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Со два гола го предводеше Манчестер сити до победата од 3:0 кај Барнли.

dobivaj vesti na viber

Актуелниот англиски и европски првак, Манчестер сити со победа стартуваше во новата сезона во Премиер лигата. Првите два гола во новата сезона ги постигна најдобриот стрелец во минатата, Ерлинг Халанд.

Норвежанецот погоди во четвртата и 36.минута. Точка на натпреварот стави херојот на Сити во финалето со Интер, Родри во 75.минута.

И покрај тоа што постигна два гола, Гвардиола не беше задоволен од играта на Халанд. Гвардиола влета на теренот и почна да му вика на Халанд бидејќи не беше задоволен од некој сегмент од својата игра. Кога Гвардиола забележа дека камерманот снима сè, уште повеќе се изнервира, го оттурна камерманот и продолжи да му објаснува на Халанд каде згрешил.

Можете да прочитате

Масовен пречек на норвешките фудбалери во Осло

Франција или Шпанија – кој прв ќе стигне до финалето на Светското првенство

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето