Утрински Весник
Свет

(Видео) Десеттина повредени во Звечан во судирот со косовската полиција

(Видео) Десеттина повредени во Звечан во судирот со косовската полиција

Десетина лица се повредени во судирот меѓу вооружената косовска специјална полиција и насобраните граѓани во Звечан, каде што од утринава косовските Срби не му доволуваа на новозибраниот градоначалник-Албанец да влезе во општинската зграда. Како што јави дописникот на РТС, повредените се пренесени во болницата во Митровица.

dobivaj vesti na viber

„Во моментов ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира,“ јавува дописникот на РТС.

Александар Арсенијевиќ од граѓанската иницијатива „Српски опстанок“ изјави дека мета на косовската полиција биле жените, но и него и дека директно му прскале солзавец во очите. Тој посочува дека во еден момент полицаец рекол на албански да не ги тепаат оние со камери.

„Бев дезориентиран, ме одвлекоа меѓу два автомобили, почнаа да ме тепаат“, изјави Арсенијевиќ.

Меѓу припадниците на косовската полиција кои денеска ја опколија зградата на општина Звечан, а потоа со помош на шок бомби, солзавец и насилство влегоа во општината, имало и такви кои на шлемовите имале ознаки КБС.

Да потсетиме, косовските безбедносни сили не смеат да одат на северот од Косово без претходно одобрение од командантот на КФОР. Имено, тоа е ставка од Бриселскиот договор од 2013 година.

Во Звечан се присутни и припадници на КФОР, но засега се држат настрана и не реагираат на настаните во градот.

Во моментов на улиците во Звечан има специјалци со пушки. Како што пренесуваат медиумите, на улиците може да се забележат запалени автомобили, но и други автомобили со косовски регистарски таблички.

Косовската полицијата претходно најави дека им помага на новите градоначалници на српските општини на северот од Косово – Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток – да пристапат до официјалните објекти на овие општини. Откако биле скршени вратите на општината, во зградата влегол градоначалникот на оваа општина Измир Зеќири.

Косовските власти ги обвинија српските „криминални и нелегални структури“ за ескалација на ситуацијата.

„Насилството нема да надвладее. Србија сноси целосна одговорност за ескалацијата“, објави на Твитер Блерим Веља, шефот на кабинетот на претседателката на Косово, Вљосе Османи.

Косовската полиција употреби солзавец и при влегувањето во зградата на општина Зубин Поток за да ја растера толпата. На местото на настанот се и возила на итната помош.

Во Лепосавиќ, според твитерџиите, се поставуваат барикади од купишта камења кои се истураат на патот.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади