Десеттина претставници на бугарската заедница во Македонија ја одбележаа годишнината од смртта на Мара Бунева.
Контроверзната бугарската фондација „Македонија“ на својот Фејбук профил објави дека „се горди на Бугариte што дошле во чест на Мара Бунева за време на антибугарскиот режим во Скопје“.
И овој настан, не помина со одредени бугарски провокации. Сепак на Кејот во Скопје имаше доста припадници на полицијата, кои превентивно стоеја на плочникот, обезбедувајќи да не дојде до каков било инцидент.
Почитувачите на Бунева положија свежо цвеќе на нејзината спомен плоча на кејот на реката Вардар, а по традиција се одржа панихида во црквата Св. Димитар“ во центарот на Скопје, каде што на 13.01.1928 година, Бунева го застрела српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала, а на повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.
Се огласи и претседателот на Фондацијата, Виктор Стојанов, кој одреден период имаше забрана за влез во земјава
-Притисокот врз Бугарите во Македонија е огромен, а сепак гледате десетици Бугари од Македонија излегоа да ѝ оддадат чест на Мара Бунева. Не се гасне тоа што не можете да го изгаснете, кратко напишал Стојанов на социјалните мрежи.
За разлика од минатогодишниот собир на кејот на Вардар, оваа година не присуствуваше бугарскиот европратеник од партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, кој често упатува националистички пораки кон Македонија.