Утрински Весник
Македонија

Загина мигрант во соoбраќајка кај Дојран, а неколкумина се повредени

IMG

МВР извести дека вчера околу 20 часот во близина на Дојран, возило „крајслер“, излетало во провалија, откако претходно не застанало на дадена наредба за запирање од страна на полициски службеници.
„При извршениот увид е констатирано дека во возилото се превезувале 11 лица, мигранти од Сирија, од кои едно лице починало на местото на настанот, едно лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека на останатите лица им била укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Според кажаното од мигрантите, возачот пред да излета возилото, ја отворил вратата и скокнал, по што се дал во бегство. Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Валандово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот“, извести полицијата.

Можете да прочитате

Мрежата за заштита од дискриминација против предлогот за кратење на неработните денови

Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

Обвинителството побара доживотен затвор за Трајче Бојковски, пресудата ќе биде изречена на следното рочиште