Утрински Весник
Скопје

Општина Центар изрече казни за четири градилишта

C1.jpeg

Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.

Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер”, „9 Мај”, „Дебарца” и „Васил Стефановски”.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.

Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.

„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор”, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор.

Можете да прочитате

Меџити: Започнува соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“ во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение