Утрински Весник
Македонија

Од продавниците за здрава храна уништени над 1 тон небезбедна храна

Ahv.jpg

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство уништија 1010 кг небезбедна „здрава храна” во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај 14 оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.

Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.

За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.

„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ

Можете да прочитате

Вечерва Љупчо Николовски повикан на службен разговор во СВР Скопје

Меџити: Вреди сега е единствена партија на Албанците што ја има од Липково до Струга, Фетаи и Лимани се самоелиминираа

Јакимовски: Карпош го оставив без долгови и со 1,2 милиони евра на сметка – се оди на работа со песна