Утрински Весник
Магазин

(Видео) Брендан Фрејзер преполн емоции откако доби „Оскар“ за најдобар актер

(Видео) Брендан Фрејзер преполн емоции откако доби „Оскар“ за најдобар актер

Брендан Фрејзер доби статуетка за најдобар актер во главна улога за филмот The Whale („Китот“) на синоќешната оскаровска церемонија во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Актерот ја започна својата кариера во 90-тите. Својата прва голема улога ја доби во 1992 година во филмот „Прачовек од Калифорнија“, а неговата изведба во „Џорџ од џунглата“ во 1997 година го лансираше меѓу ѕвездите.

Во 2000 година, глумеше со Елизабет Харли во филмот Enchanted („Маѓепсани“), а можеби најмногу го привлече вниманието на јавноста со улогата во филмскиот серијал The Mummy („Мумија“), каде глумеше со Рејчел Вајс.

Но, на врвот на својата кариера, Фрејзер се повлече поради наводен инцидент со поранешниот претседател на Здружението на странски новинари во Холивуд, Филип Берк.

Филмот за кој Фрејзер синоќа доби „Оскар“ го одбележа големото враќање на актерот. Минатиот септември го привлече вниманието на филмскиот фестивал во Венеција, каде доби стоечки овации и пофалби за улогата во „Китот“ на Дарен Аронофски.

Во филмот Фрејзер глуми професор по англиски јазик со прекумерна тежина кој се обидува повторно да се поврзе со својата ќерка.

На синоќешната оскаровска церемонија, во говорот полн со наутички референци, Фрејзер рече: „Само китовите можат да пливаат во длабочината“.

Со зацрвенети очи, тој го заврши својот емотивен говор заблагодарувајќи им се на своите деца и на својата најдобра прва другарка, како што ја нарече, партнерката Џин Мур.

„Ѝ благодарам на Академијата за можноста и на екипата на филмот ‘Кит’, ми беше чест да бидам со сите актери од оваа категорија. Со оваа работа почнав да се занимавам пред 30 години, и не ја ценев доволно додека сето тоа не престана,“ рече Брендан во емотивното обраќање, заблагодарувајќи се на своето семејство.

Фрејзер беше номиниран во својата категорија заедно со Колин Фарел (The Banshees of Inisherin), Пол Мескал (Aftersun), Остин Батлер (Elvis) и Бил Наји (Living).

Можете да прочитате

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички

Зголемувањето на бројот на хибридни волци може да доведе до исчезнување на европскиот волк