Утрински Весник
Свет

Маскирани „Вагнеровци“ регрутираат ученици во московските училишта, тврди британското разузнавање

„Вагнер“ почна да тренира цивили: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај за војната во Украина. Во него тие потсетуваат како руските власти и забранија на злогласната руска платеничка група Вагнер да регрутира во затворите поради тензиите со военото раководство во Москва. Додаваат дека пред тоа Вагнер регрутирал голем број осуденици од руските затвори и ги пратил на фронтот во Украина.

dobivaj vesti na viber

Британското воено разузнавање известува дека основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, сега многу веројатно се префрлил на обидот да регрутира слободни руски граѓани. Така, Вагнер формираше центри за регрутирање на најмалку 40 локации низ Русија од почетокот на март, се вели во извештајот.

„Во текот на изминатите неколку дена, маскирани Вагнерци задолжени за регрутирање одржаа предавања за кариера во московските средни училишта и дистрибуираа прашалници со наслов „апликација за млад воин“ за да соберат информации за контакт од заинтересирани студенти“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

Во извештајот се наведува и дека околу половина од осудените испратени во Украина најверојатно биле убиени или ранети. Малку е веројатно дека новите иницијативи ќе ги компензираат загубите на осудениците во редовите на Вагнер“, се вели во извештајот.

„Доколку се задржи забраната за регрутирање затвореници, Пригожин најверојатно ќе биде принуден да го намали интензитетот на операциите на Вагнер во Украина“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Додека Белград го пречекува Си со највисоки почести, остатокот од Европа е под кинески шпионски напад, апсења низ целиот континент

Карго авион принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување