Утрински Весник
Спорт

Медведев: Ќе м..ам бавно колку што е бавен овој терен

Медведев: Ќе м..ам бавно колку што е бавен овој терен
300x250 (7)

Данил Медведев се пласираше во четвртото коло на Мастерсот во Индијан Велс, откако го совлада Белорусинот Илја Ивашка со 6:2, 3:6, 6:1.

dobivaj vesti na viber

Медведев повторно се жалеше на подлогата во Индијан Велс. Смета дека таа е премногу бавна. Во еден момент тој влезе во расправија со судијата Мохамед Лајани.

„Ќе одам во тоалет и ќе мочам бавно како овој терен. Ќе ми требаат 25 минути. Теренот е бавен, па и јас ќе бидам бавен“.

„Треба да прифатите, вие сте професионалец“, одговори Лајани, но Медведев му врати.

„Не го прифаќам ова. Пишува дека ова е тврда подлога, но ова не е тврда подлога“.

Медведев во осминафиналето го чека Александар Зверев.

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале