Утрински Весник
Македонија

Ведро и студено, преку денот сончево

Esen5.webp.webp

Времето денеска ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според прогнозата на УХМР,  следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура, особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни. 

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница