Утрински Весник
Македонија

Ванковска до Муцунски: Уставното право не познава “одложена примена на уставни измени” 

434449862 10231665142354540 6000365724113136136 N.jpg
Ss2

Претседателскиот кандидат, поддржан од политичката партија Левица, професорката Билјана Ванковска се огласи со реакција по изјавата од страна на Тимчо Муцунски, градоначалникот на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на промената на Уставот. -Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата. Моето “лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи “поглавје по поглавје”. И ова го нарекуваат “непопустлива надворешна политика”. Немојте после не сте знаеле. Само треба да читате меѓу редови.”

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година