Утрински Весник
Спорт

Валуев доби покана за мобилизација: Се разбира дека ќе одам во војна!

Валуев доби покана за мобилизација: Се разбира дека ќе одам во војна!
300x250 (7)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, најави мобилизација на армијата со дополнителни 300.000 луѓе. Во овој дел од мобилизираните беше и поранешниот светски шампион во бокс, Николај Валуев. Тој влегува во историјата како највисокиот и најтежок светски шампион во историјата на боксот. Со висина од 213 сантиметри и тежина од 149 килограми ретко кој можеше да го спречи во рингот.

dobivaj vesti na viber

Сега 49-годишниот поранешен боксер ќе мора да се бори со Украина. Валуев се откажа од спортот во 2009 година и влезе во политиката. Тој служеше во рускиот парламент во 2011 година како дел од партијата „Единствена Русија“ што ја поддржува Путин. Поради неговата огромна големина, во Думата мораше да се направи специјален стол за да може Валуев да ја исполни својата улога на заменик.

300x250 (7)

Во 2010 година, лекар објави дека го лекува боксерот кој има „сериозни проблеми со коските и тетивите“. Валуев мораше да оди на две операции и шест месеци беше на рехабилитација. Но, тоа не го спречи Путин да го мобилизира за фронтот во Украина.

Во интервју за руската телевизија, Валуев призна дека добил повик додека бил во Донбас во источна Украина.

„Мислам дека сите добија покана. И јас. Дали ќе одам? Се разбира“, објави Валуев за весникот „Известија“.

Валуев беше светски шампион на ВБА меѓу 2005 и 2007 година и повторно во 2009 година.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал