Утрински Весник
Економија

Мицкоски – Клајн: На власта и нудиме решение за справување со енергетската криза, но немаат слух

Мицкоски – Клајн: На власта и нудиме решение за справување со енергетската криза, но немаат слух

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека државата покрај економската криза се соочува и со енергетска криза, укажувајќи дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза.

Мицкоски го информираше амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза кој што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на власта, бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување на јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат дупло поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење.

Власта повеќе нема кредибилитет да управува затоа што ја води државата и граѓаните во економска неизвесност и катастрофа, посочи тој.

Воедно, Мицкоски се заблагодари на унгарската поддршка и изрази надеж за продолжување на поинтензивна соработка и унапредување на билатералните односи со Унгарија.

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат