Утрински Весник
Македонија

Утрово забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Sneg 5 1024x768 1.jpg

АМСМ инфомира дека утрово од 05:45 часот, поради врнежи од снег, e воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.

Итензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата, информираат од АМСМ

Можете да прочитате

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Трагичен крај на потрагата: 31-годишниот скопјанец пронајден мртов во Охридското Езеро

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано