Утрински Весник
Македонија

Утре од 20 часот пред Борис Трајковски собир за последен поздрав кон Владо Јаневски

Vlado janevski.jpg

Уметнииц, колеги, пријатели и познаници на Владо Јаневски го повикуваат граѓаните, утре во 20:00 часот да дојдат на платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и да оддадат последна почит кон големиот уметник.

„Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат – тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, порачаа организаторите.


Повикот доаѓа во период додека властите размислуваат кој ќе биде следниот министер за култура, па оттаму, од Министерството нема никаква иницијатива за почит кон Јаневски.

Владо Јаневски почина вчера на 66 годишна возраст, а погребот ќе биде во среда на градските гробишта Бутел.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик