Утрински Весник
Македонија

Утре екстремно топол ден во Македонија – Температури до 40 степени

T2m 025 Crop 1 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Утре (понеделник) во Македонија денот ќе биде екстремно топол со температури кои насекаде низ државава ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие локално ќе се искачат  и до околу 40 степени.

Во Скопје максималната температура утре ќе се искачи до околу 40 степени. 

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ув индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 9, па токму поради ова и понатаму апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика граѓанските организации да учествуваат во градењето на поквалитетен национален образовен систем

Подкаст Зрак – нова содржина на 24инфо посветена на здравјето

Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица