Утрински Весник
Свет

Иран се уште не потврди средба со САД за следната недела

Iran 3.jpg

Иран во моментов нема планови за средба со САД, изјави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, во интервју за иранската државна телевизија.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Вашингтон планира да разговара со Иран за неговата нуклеарна програма веќе следната недела.


Шефот на иранската дипломатија изјави дека Техеран размислува дали разговорите со САД се во негов интерес, откако пет рунди разговори беа прекинати поради израелските и американските напади врз нуклеарните постројки на Иран.

Арагчи изјави дека штетата предизвикана на нуклеарните постројки „не е мала“ и дека надлежните органи ги утврдуваат новите реалности на нуклеарната програма на Иран, што ќе влијае на идната дипломатска позиција на Иран.

Можете да прочитате

Залихите на системот ,,Патриот” паднале за 65% Пентагон бара зголемување на производството

Нов украински напад, Крим остана без струја

Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани над еден милион луѓе