Утрински Весник
Македонија

Утковски оддава почит: Срце со мотив од македонското знаме и 62 ружи за секој згаснат живот во трагедијата во Кочани

Img 20250415 wa0001.jpg

Во чест на 61 млади животи кои трагично згаснаа во пожарот во Кочани, Директорот на КПУ Затвор Скопје, Бобан Утковски заедно со својот тим, како и со особен придонес на штитениците, создадоа достоинствен простор што ќе го чува нивното сеќавање.

Срце со мотив од македонското знаме, симбол на животот и обновата, околу кое се засадени 61 ружa кои создаваат чувство на заштита и една ружа на средина за херојот на транспортот на повредените кој заспа од умор и никогаш не се разбуди – место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила, потсетувајќи на достоинството и сплотеноста на заедницата.


Згаснатите животи нема да бидат никогаш заборавени, да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на животи што се изгубени-Кочани 16.03.2025, објавија од Управата за извршување на санкции.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни