Утрински Весник
Македонија

Пациент скршил стакло на шалтер и нападнал вработени и полицаец во болницата во Тетово

Tetovobolnica.jpg

На 01.09.2026 околу 19:50 часот во  СВР Тетово е пријавено дека во Клиничката болница во Тетово, Џ.М.(24) од с.Палатица, тетовско, откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга, агресивно се однесувал и го скршил стаклото од приемниот шалтер, при што тој и уште двајца вработени се здобиле со повреди.

По интервенција на полициски службеници, Џ.М. физички нападнал и полициски службеник, а потоа, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош.

Извршен е увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Детали од МВР: Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон петмина, загина 26-годишник во Скопје

ЛДП: ВМРО да докаже оваа недела дали приоритет им е Законот за Пандов или Законот за укинување на двојното државјанство

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка