Утрински Весник
Македонија

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Gumi zimska oprema zimski gumi pnevmatici 480x275 1.jpg

Случај со сомнително оштетување на патничко возило е пријавен во СВР Скопје, откако во овластен сервис било утврдено дека на едно од предните тркала недостасува шраф, додека останатите биле олабавени.

Како што информира полицијата, вчера во 14:50 часот, П.Б. од Скопје пријавил дека на 27 август 2026 година, додека патничкото возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга, било однесено во овластен сервис, вработените забележале сомнителна состојба на едно од предните тркала.

Според пријавеното, од тркалото бил изваден еден шраф, додека останатите три биле олабавени.

Пријавителот изразил сомневање дека случајот можеби е поврзан со заканите кои, како што навел, ги добивал во изминатите две години.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Можете да прочитате

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV

Крвава ноќ во Скопје: Убиен 26-годишник, застрелан на Пластичарска