Утрински Весник
Македонија

Усвоен е Законот за игри на среќа

Kazino.jpg

Собранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој се воведуваат нови правила за регулирање на оваа област, поголем надзор и дополнителни механизми за заштита на граѓаните.

Новото законско решение, според предлагачите, има за цел намалување на сивата економија, спречување на финансиски злоупотреби и создавање потранспарентни услови за работа на приредувачите на игри на среќа, објави 4news.mk


Со законот се воведуваат низа новини, меѓу кои и регулирање на подарувањата (giveaway), за кои ќе биде потребно издавање дозвола и плаќање соодветна давачка.

Дополнително, се предвидува дека приредувањето на лотариски игри на среќа, електронски и интернет игри на среќа ќе биде право на државата, кое ќе се реализира преку трговско друштво во државна сопственост.

Една од клучните новини е воведувањето критериуми за интегритет и соодветност за лицата кои управуваат со компании што поседуваат лиценци, во согласност со меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансиски злоупотреби.

Законот воведува и построги правила за рекламирање. Се забранува поставување агресивни и светлечки реклами на надворешниот дел од објектите, како и промоции кои создаваат впечаток дека игрите на среќа се начин за финансиски успех.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик