Утрински Весник
Свет

„Њусвик“: САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд

Grenland.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

САД треба да платат околу 2,2 милијарди долари за да го купат Гренланд, се пресметките на неделникот „Њусвик“ базирани на понудата на Хари Труман од 1946 година, која денеска би вредела околу 1,6 милијарди долари.

Труман тогаш на Данска и понудил 100 милиони долари в злато, или 1.6 милијарди долари во денешна противвредност.


Дополнително, администрацијата на Трамп размислува да ги зголеми субвенциите за Гренланд на над 600 милиони долари годишно, со што вкупната куповна цена е зголемена до 2,2 милијарди.

Трамп неколку пати изјави дека САД ќе го контролираат Гренланд и објави видео во кое ги истакна безбедносните гаранции на САД во минатото и подготвеноста да се продолжи со нив поради заканите од Русија и Кина.

Данска и Гренланд ја одбија идејата за продажба на островот. Новиот премиер на поларниот остров, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека „САД нема да го добијат Гренланд“. 

Можете да прочитате

Од 1 јануари 2026 забрана за стари дизел и бензин возила во Брисел

Зеленски побара долгорочни безбедносни гаранции од САД во рамки на мировниот план

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван