Утрински Весник
Македонија

Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд

Vreme.png

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.


УХМР информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. 

Можете да прочитате

МВР: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Кочани се буди: Време е за нов почеток со чест, љубов и одговорност

Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, велат од Онкологија