Утрински Весник
Скопје

Прекини во снабдувањето со струја и вода во делови од Скопје

Struja voda.jpg

Делови од општините Бутел, Кисела Вода и Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија, а дел од корисниците во општина Карпош ќе имаат прекин во водоснабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје.

Прекини во снабдувањето со струја ќе има од 7:55 до 9:55 часот, за дел од корисниците од улиците „Тале Христов“ и „Костурска“ во општина Бутел; од 9:00 до 14:00 часот, за корисниците од улиците „Мишко Михајловски“ и „Емил Зола“ во општина Кисела Вода; од 10:05 до 12:05 часот, за дел од корисниците од улицата „Боро Меков“ во општина Бутел; од 13:00 до 14:00 часот, за корисниците од улицата „Варшавска“ во општина Карпош.


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мексичка“ бр. 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Мексичка“, како и делови од улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Ташкентска“, „Хаванска“ и „Париска“ во општина Карпош.

Водоснабдувањето на овие локации ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работните активности.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост