Утрински Весник
Спорт

Уништен мурал на Ѓоковиќ во Ораховац

Уништен мурал на Ѓоковиќ во Ораховац

Две лица, изминатата ноќ, го оштетиле муралот на Новак Ѓоковиќ во Ораховац на Косово. Ова е одмазда за пораката која Ѓоковиќ ја испрати по вчерашната победа, во првото коло на Ролан Гарос.

dobivaj vesti na viber

По триумфот во три сета над српскиот Американец, Александар Ковачевиќ, Ѓоковиќ на камерата напиша: „Косово е срцето на Србија, стоп на насилството“.

Моралот кој се наоѓа на ѕид од куќа, спротив црквата во Ораховац е оштетен во текот на ноќта, а акцијата на двете лица е снимен од камера која се наоѓа на црквата. Видеото може да го погледнете тука.

Ова не е прв пат, во Ораховац да биде оштетен муралот на еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Во февруари, муралот беше покриен со бела боја.

По повод пораката на Ѓоковиќ, Тенискиот сојуз на Косово побара Ролан Гарос и АТП да го казнат тенисерот.

„Нема официјално правило на Грен слем турнирите за тоа што играчите смеат или не смеат да кажат. Француската тениска федерација (ФФТ) нема да издаде никакво известување или да иницира ништо во врска со ова прашање“, соопшти ФФТ.

Ѓоковиќ во второто коло на Ролан Гарос, утре ќе игра против Унгарецот Мартон Фучович.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами