Унгарија ги поддржува сите меѓународни иницијативи насочени кон ставање крај на конфликтот во Украина, вклучително и мировниот план предложен од Кина во февруари 2023 година, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по разговорот со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој престојува во Будимпешта, пренесува ТАСС. -Повикуваме на итен прекин на огнот и мировни преговори. Ги поддржуваме сите меѓународни напори насочени кон постигнување на такви цели. Според тоа, ние ја поддржуваме кинеската мировна иницијатива што ја предложи претседателот Си Џинпинг, изјави Орбан. Планот на Кина вклучува укинување на западните санкции против Русија, воспоставување коридори за евакуација на цивили и обезбедување нуклеарни централи и извоз на жито. Планот предвидува и крај на „менталитетот на Студената војна“ или, како што велат, глобалната доминација на САД.