Утрински Весник
Македонија

Учество на Османи на 29. Министерски состанок на ОБСЕ, Полска

Учество на Османи на 29. Министерски состанок на ОБСЕ, Полска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на 29. состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, што оваа година се одржува во Лоѓ, Полска, на 1 и 2 декември 2022 година.

dobivaj vesti na viber

На состанокот, во организација на Полското претседавање со ОБСЕ, ќе земат учество голем број министри за надворешни работи и високи претставници на земји учеснички на ОБСЕ.

За време на настанот, министерот Османи ќе има серија обраќања на теми од интерес на Организацијата, а во контекст на геополитичката криза предизвикана со агресијата на Руската Федерација врз Украина.

Османи ќе се обрати пред министрите за надворешни работи на 1 декември, додека согласно агендата и воспоставената пракса, наредниот ден ќе ја води третата пленарна сесија на состанокот, во капацитет на иден претседавач со ОБСЕ.

На маргините на состанокот, Османи ќе оствари низа билатерални средби и разговори.

Можете да прочитате

Партиите продолжуваат со презентација на изборните програми, неполна недела до првиот круг од претседателските избори

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома